👁️  208

Украинското Министерство за одбрана денеска соопшти дека украинските вооружени сили оваа недела уништиле руски центар за сателитска комуникација на Кримскиот Полуостров.

Во објавата на апликацијата Телеграм, Министерството наведува дека целта е „вреден воен компонент во сателитската комуникација и системот за насочување на руските сили“.

Западни медиуми посочуваат дека во моментов не може од независен извор да се потврди оваа информација.

Во понеделникот, на социјалните мрежи се појавија информации за експлозии во близина на селото Витино на Кримскиот Полуостров, каде што е лоциран комуникацискиот центар.