Украина изминатата ноќ соборила 28 руски дронови и спречи обид за инфилтрација на руски саботери, соопшти украинската војска.
Според украинското воздухопловство, во рускиот напад, сепак, биле оштетени пристанишните складишта во областа Одеса.
– Непријателските дронови оваа ноќ имаше во најмалку шест украински региони. Соборените дронови биле „Шахед-131/136“, соопштија украинските сили на Телеграм.
Вкупно, Москва лансирала 33 дронови во Украина од Белгородската област, која граничи со Украина, и од ’ртот Чауда, во источниот дел на полуостровот Крим.
Во еден од нападите со дрон оштетена е инфраструктурата на пристаништето складиште и станбените згради во регионот на Исмаил, изјави соопшти Олег Кипер, регионалниот гувернер на регионот Одеса. Осумдесет годишен маж е повреден во пожарот кој избувнал по нападот и со изгореници е примен во болница.
Во исто време, украинските сили соопштија дека спречиле обид на руски диверзанти да ја пробијат границата во украинскиот регион Суми, соопшти Серхи Наев, шеф на заедничкиот оперативен штаб на украинските вооружени сили.
Осуммината саботери се обиделе да ја преминат државната граница за да отидат до критично важната цивилна инфраструктура, но биле спречени од украинските сили, напиша Наев на Телеграм. Во операцијата нема повредени или загинати украински војници. (МИА)