👁️  229

Македонската сениорска фудбалска репрезентација ќе одигра еден меч во октомврискиот „прозорец“ кога се во прашање квалификациите за Европското првенство, односно ќе ги одмериме силите со Украина.

Украинците официјално потврдија каде ќе ги дочекаат избраниците на Благоја Милевски-тоа е Прага. Се работи за стадионот на Спарта Прага, „Епет Арена“ кој има капацитет од околу 20.000 гледачи.

Таа средба ќе се одигра на 14 октомври од 15 часот.