
Во Берово изутрина во 8:30 часот се измерени два степени, а највисоката утринска температура во државава е во Дојран, 12 степени.
Според УХМР, четири степени се измерени во Лазарополе, пет во Битола, шест во Скопје-Петровец, Тетово, Струмица, Крива Паланка, Маврови Анови, седум во Демир Капија, осум во Куманово, Велес, Прилеп, Претор, девет во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Охрид, Кавадарци, Гевгелија, Крушево, како и десет во Виница.
Максималната температура денеска ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. Во Скопје сончево со мала локална облачност и температура до 28 степени.