👁️  5

Во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ.

Еден ден по угинувањето на двата коњи, во скопската Зоолошка градина угинал и третиот прежевалски коњ. Станува збор за ретки им многу вредни коњи кои по потекло се од Монголија, а во скопската Зоолошка биле донесени од Австрија како донација од компанијата „Сафари Македонија“.

Првиот случај за угинатите коњи во полицијата го пријавил вработен во Зоолошката градина кој се посомневал дека коњите се отруени. Од МВР денеска потврдија дека вчера околу 14 часот во Зоолошката градина угинал уште еден коњ.

Од скопската Зоолошка градина засега нема официјално објаснување што се случило со коњите.

Вчера со реакција се јави еден од донаторите на вредните прежевалски коњи.

-Очекувавме и се надевавме на овие животни да им биде пружена многу подобра нега, а не тие да угинат на ваков начин. Во моментов, не знаеме точно од кои причини угинале коњите, но во секој случај станува збор за тажна епизода, бидејќи скопската Зоолошка градина изгуби вредни животни – рече донаторот истакнувајќи дека се работи за исклучително ретки и вредни животни и изразувајќи разочараност од третманот што го имале коњите во скопската Зоолошка градина.

Обдукцијата треба да утврди што било причина за смртта на расните коњи.

За потсетување, во ЗОО Скопје од инфекција со салмонелаш пред два месеци угина жирафта Каспер.

„Жирафата погина поради непрочистување од паразити што треба да е рутинска нега, сега се отруени два коњи!

Од кога дојде Данела Арсовска нашата ЗОО стана куќата на стравот, се колат и умираат животни!!!

Каде се сега друштвата за заштита со реакција и барање одговорност, во скутот на Данела и во управните одбори и директорски фотелји, тие се ФОТЕЛЈАШИ и ништо повеќе од тоа, перални за пари низ проекти и фондации!!!

Неспособноста на Данела не уназади на секое поле, и овде има од нејзините рачишта во медот со тендерите за набавка на храна!

Жал ми е за животните но јас освен на ФБ сум немоќен за ништо повеќе!

Новинари, охрабрете се и побарајте одговорност и испитајте го случајот, ви стојам на располагање за сите изјави и емисии со свои сознанија!“ – напиша на Фејсбук, Стефан Кирков, член на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.