Дисциплинската комисија на УЕФА ѝ изрече казна на Црвена Звезда поради однесувањето на навивачите на мечот од второто коло против Јанг Бојс.

Поради дискриминирачко однесување, извици и пароли на фановите, српскиот тим доби сериозна санкција. На следниот дуел против Лајпциг, Црвена Звезда ќе мора да го смали капацитетот на стадионот за 10.000 места.