Романија успеа да го совлада Косово во квалификацискиот меч за Европското првенство, но истиот немаше нормален тек и одредено време истиот беше во прекин поради домашните навивачи.
Романците извадија банер „Косово е Србија“. имаа скандирања, навивања за поддршка на Србите и сето тоа донесе реакција на гостите кои не сакаа да продолжат да играат. Средбата потоа беше во прекин, потоа и заврши, ама стана јасно дека домаќинот ќе заработи казна од УЕФА.
Токму тоа се случи, Романците ќе треба да платат 52.000 евра и наредната средба против Андора (15 октомври) ќе мора да ја одиграат пред празни трибини.