👁️  1643

Мажот кој вчера до смрт ја избоде поранешната сопруга во Суботица и побегна, утрово е уапсен.

Роберт В. со нож ја убил поранешната сопруга Љиљана В. пред очите на нејзината мајка, а потоа побегнал.

Полицијата ги затворила сите делови на градот и местата каде што евентуално можел да се сокрие и да избега убиецот, а од полициската управа во Суботица потврдија дека Роберт бил уапсен утрово.