👁️  5178

По неколкумесечна оперативна работа, полициски инспектори од полициската станица Чукарица во соработка со колегите од Ваљево и Лозница и Специјалното обвинителство за високотехнолошки криминал приведоа 10 лица под сомнение дека извршиле повеќе кривични дела измама и перење пари на територијата на Србија, дознава „Блиц“.

Како што дознаваат медиумите, осомничените го сториле делото така што преку социјалните мрежи отвориле профили наречени „Супер совети 1×2“, „Šmeker_team1“, „Dušan_šmeker team1“, „Dušan_šmeker team2“, „Dušan_šmeker team“, пронаоѓајќи ги оштетените (засега над 1000 лица) и ги довеле во заблуда дека можат да добијат големи пари со обложување на фудбалски натпревари, барајќи да платат одредена сума пари за да им ги дадат натпреварите на кои ќе се обложуваат или дека тие ќе вложат пари за нив.

– После тоа фотографирале фалсификувани обложувачки тикети на кои се гледало дека добивката е 8.000 евра и барале да им бидат исплатени 620 евра за провизија, а потоа да им ги испратат шифрите од „сигурните“ натпревари – вели изворот на „Блиц“.

Врз основа на досегашните пријави, осомничените се стекнале со парична корист од околу 56.110.000 динари.