Уапсен велешанецот кој прегази девојче во Велес и побегна

Денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Велес во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски” во Велес со патничко возило „мерцедес” со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.

Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.