👁️  89

Поранешниот шеф на владата на етничките Ерменци во Нагорно-Карабах, Рубен Варданјан, е уапсен кога се обидел да пребега од таа територија во Ерменија за време на азербејџанската офанзива, соопшти денеска граничната полиција на Азербејџан.

Варданјан, бизнисмен и сопственик на голема инвестициска банка во Русија, се пресели во Нагорно-Карабах во 2022 година и беше на чело на сепаратистичката администрација во енклавата неколку месеци пред да поднесе оставка оваа година.

Азербејџан минатата недела започна воена операција за да ја врати целосната контрола врз Нагорно-Карабах, со кој владееја сепаратистите околу 30 години.

Илјадници Ерменци се обидоа да го напуштат регионот откако сепаратистите се согласија да го положат оружјето. (МИА)