👁️  12

Цивилната гарда уапсила поранешен шпански пожарникар под сомнение дека подметнал пет до шест пожари на островот Мајорка. Пожарникарот, 61-годишниот Франциско Б., бил уапсен додека бил на боледување, пишува шпанскиот портал „Ултима Хора“.

Пожарникарот е уапсен во полициска акција за фаќање на пироман кој неодамна подметнал пожар во Мајорка. На бројот 112 вчера пристигнала дојава за нов пожар кој избувнал во општина Каимари. На местото на настанот веднаш се испратени надлежните екипи за итна помош, пишува „Еуро Викли Њуз“ („Euro Weekly News“).

Поради близината на пламените јазици до некои куќи, локалната полиција на Селва и припадниците на Цивилната гарда помогнаа да се евакуираат жителите од неколку куќи. После тоа почна акцијата за апсење на пироманите.

Уапсениот пожарникар не знаел дека службеници на Ибанат и претставници на Цивилната гарда го набљудуваат со дрон. Пожарникарот бил фатен на дело во алкохолизирана состојба и со себе имал неколку запалки, кремен, бензин и хартија.