Главниот осомничен организатор на хаосот што пред десет дена се случи во Атина кога беше убиен навивач на АЕК Атина, денеска е уапсен од грчката полиција и станува збор за хулиган со дебело досие кој веќе бил вмешан во многу навивачки нереди кај јужниот сосед.
Како што објави грчки „Њусит“, организаторот на хаосот кој е навивач на Панатинаикос бил уапсен во својот дом во Гиза, а полициски службеници ја претресуваат неговата куќа. Тој бил идентификуван и посочен како главен организатор на нередите во Нова Филаделфија.
Инаку по навивачот на Панатинаикос беше распишана потерница, а тој заедно со уште други приврзаници на ПАО биле заедно со загрепските Бед Блу Бојс во хаосот против навивачите на АЕК, кога Михалис Кацурис беше брутално убиен.
Грчката полиција сѐ уште врши идентификација на најодговорните кои го убиле Кацурис, па сѐ уште е во тек истрагата, додека преку 90-те хрватски навивачи кои се уапсени се во истражен затвор.