Со пригодни настани и програми во Турција денеска се одбележува 30 август, националниот празник Ден на победата, посветен на големата победа извојувана од турските сили пред точно 101 година, јавува Анадолија.
Заедно со Денот на победата, Турција денеска го слави и Денот на вооружените сили.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го предводеше државниот врв на свечена церемонија во комплексот Аниткабир, мавзолејот на основачот на модерна Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, во Анкара.
Денот на победата се одбележува како спомен на последната битка во Војната за независност, по која беше прогласена модерна Република Турција, потсетува Анадолија.
Предводени од војсководецот и основач на современа Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, на денешен ден пред 101 година, турските сили забележаа голема победа во битката кај Думлупинар, последна во војната за независност на Турција, која војуваше против Грција од 1919 до 1922 година.