👁️  26

Влијанието на војната во Украина и развојот на настаните во областа на безбедноста на трипартитниот состанок во Варшава разговараа министрите за надворешни работи на Полска, Романија и Турција, пренесоа романските медиуми.

Радослав Шикорски, Луминица Одобеску и Хакан Фидан вчера разговараа и за приоритетите во врска со самитот на НАТО во Вашингтон со акцент на зајакнувањето на сојузничкото одвраќање и одбранбената позиција на источното крило на НАТО и зајакнувањето на поддршката за Украина, информира романското МНР.

Посебна тема беше поддршката за Република Молдавија – земја најмногу изложена на негативните последици од руската војна против Украина. Министрите за надворешни работи разговарале и за прашања поврзани со продлабочување на соработката во трипартитен формат, се наведува во соопштението на романското МНР.

Врховниот романски дипломат Луминица Одобеску го истакна влогот за продолжување на практичната поддршка за Украина, што е суштинско и за таа земја да може да ги исполни сопствените цели во војната и да го следи патот на евроатлантската интеграција.

Одобеску ја истакна повеќеслојната важност на Црното Море во контекст на руската војна против Украина и ја истакна потребата од доследни мерки за да се задржи ова море отворено.

-Соработката на крајбрежните сојузници – Романија, Бугарија и Турција во групата за поморско деминирање ќе биде првиот чекор за зголемување на безбедноста со цел враќање на слободата на пловидба, се наведува и во соопштението на романското МНР за средбата.

фото: МИА архива