👁️  215

Со слоганот Студентите се наша гордост, наша иднина и наша надеж УМС на ВМРО-ДПМНЕ Битола ќе одржи трибина на 17 ноември (четврток) во 19:30 часот, Хотел Премиер Центар по повод Меѓународниот ден на студентите.

Како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Битола по повод овој ден ќе организираме трибина на тема „Улогата на студентските собранија и Европската студентска организација“.

Говорници на оваа тема се Тодор Конески и Дамјан Коњановски, кој се на високи функции во најголемата студентска организација во Европа, European Democrat Students.

Со оваа трибина, сакаме да ги запознаеме студентите за битноста на овие тела, како и која е нивната улога во секојдневниот живот на студентите, стои во соопштението на УМС ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.