Трет пораз за Македонија У17 во групите на ЕП во Црна Гора

Ракометната репрезентација на Македонија до 17 години го претрпе и третиот пораз во исто толку натпревари во групната фаза на Европското првенство. Овојпат подобри од нашите девојки беа ракометарките на Франција со 31-15 (15-4).

По релативно мирниот старт, противничките девојки почнаа полека да градат предност. Македонија парираше до 8-4 во 21. минута, меѓутоа потоа до крајот на полувремето не даде гол, а прими седум (15-4). Доминантната игра на Французинките продолжи и по полувремето, предноста растеше и растеше.

Највисоката негатива за девојките на Кристијан Грчевски беше 17 погодоци, а на крајот мечот беше загубен со еден помалку (31-15).


Најкефикасни на теренот беа Андон и Грос со по пет гола, а кај Македонија „четири од четири“ имаше Анастасија Трпеска, додека по трипати стрелаа Кралева и Мифтари.

Македонија ја заврши групната фаза на последното место и ќе разигрува за пласман на првенството во Црна Гора.