Американецот Дејвид Хогерти по трет пат е избран за претседател на Меѓународната тениска федерација (ИТФ), освојувајќи 72,94 отсто од гласовите на изборното собрание во мексиканскиот град Канкун.
Хогерти стапи на должноста во 2015 година кога го наследи најдолговечниот претседател на ИТФ, Франческо Рики – Бити.
Претходникот на Хогерти беше на чело на светскиот тенис од 1999 до 2015 година.
Откако во 2027 година ќе му истече мандатот Хогерти нема да може повторно да се кандидира, бидејќи бројот на мандати е ограничен на три. (МИА)