Тренерот на Интер Мајами, Херардо Мартино, по победата над Торонто (4:0) во натпреварот од МЛС објасни дека на крајот од првото полувреме ги заменил Жорди Алба и Лионел Меси поради замор на играчите. Тој исто така не го исклучи нивното неучество во финалето на УС Опен купот.

-Тренираа нормално и чувствувавме дека се подготвени да играат. Мислам дека немаат нови повреди или нешто полошо. Ова е замор. Мислам дека не е повреда на мускулот. Знам дека ни претстои финале, но тие нема да излезат на теренот ако не се подготвени да играат, рече Мартино за „CBS“.