Славниот фудбалер Златан Ибрахимовиќ ќе има актерско деби во продолжение на филмскиот серијал за славните ликови Астерик и Обеликс.
Станува збор за француска авантуристичка комедија со наслов „Asterix and Obelix: The Middle Kingdom“ во режија на Гијом Кане, кој исто така го глуми Астерикс. Во филмот, препознатливите херои Астерикс и Обеликс патуваат во Кина.
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ доби улога во филмот, ќе го видиме во ликот на Антивирус. Покрај него се појавуваат и Венсан Касел како Цезар, Мерион Котилард како Клеопатра, Џули Чен како принцезата Фу Ји и други.
Ова е првиот филм за славните херои кој не е базиран ниту по еден стрип. Премиерата е закажана за 1 февруари 2023.