👁️  26

Амглискиот фудбалер Хари Кејн очекува дека ќе остане во Тотенхем, ако претседателот на клубот Даниел Леви, не попушти и го продаде на Баерн Минхен до стартот на новата сезона кој е закажан за 13 август.

Кејн од респект кон клубот и новиот менаџер Постекоглу, смета дека не би бил коректно да си замине во текот на сезоната. Тотенхем новата сезона ќе ја започне на 13 август со мечот против Брентфорд.

Кејн сепак би можел го напушти Тотенхем и да се преслеи во Баерн Минхен до крајот на летниот преоден рок кој трае до 1-ви септември.

Првиот човек на Тотенхем кој се смета за најтежок преговарач во светот на фудбалот,  ја одби последната понуда на Баерн Минхен од 100 милиони евра и бара повеќе од 115 милиони за својот најдобар играч чиј договор истекува идното лето.