👁️  33

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во текот на десет години ја завишувал нето вредност на своите активи на сума од 812 милиони долари до 2,2 милијарди долари, соопшти синоќа Њујорк тајмс повикувајќи се на јавниот обвининтел на државата Њујрк, Летиција Џемјс.

-Финанскиот извештај на Трамп од 2011 до 2021 година ниту оддалеку не ја рефлектира актуелната оценета вредност на неговите активи, се вели во граѓанската парница поднесена од јавниот обвинител.

Во неа, меѓудругото, се оспорува декларираната вредност на неколку недвижносто во сопственост на експретседатлот, како есктравагантното имање Мар-а-Лаго во Флорида, каде што лани во август беа откриен доверливи документи што Трамп ги зел со ссебе од Белата куќа, и „Трамп тауер“, 68 спратниот облакодер во центарот на Њујорк.

Во документите цитирани од весникот, се вели дека „чистата вредност“ на сопственоста на Трамп која што тој ја проеценувал отприлика за 17-39 отсто секоја година, не е поголема од 2,6 милијарди долари.

Обвинителот смета дека овие лажни декларации на Трамп му помогнале да добие поповолни кредити за изградба на голф-клубот во Мајами, хотели во Вашингтон и во Чикаго.

Во врска со овие прекршоци, Џејмс побара од Трамп вонсудски договор со плаќање на казна од 250 милиони долари а трите негови деца да дадат оставки на раководните позиции во компанијата Trump Organization.

Адвокатите на Трамп посочуваат дека кога давале заеми кредиторите не ги земале во предвид податоците од финансиските декларации, и дека самите кредити биле земени многу одамна, до јули 2014 годна, па затоа не можат да фигурираат во делото и бараат прекинување на истрагата.

Претходно Њујорк тајмс информираше дека имотот Мар-а-Лаго во Флорида наводно можел да биде продаден за 411 милиони долари. Сепак, синот на експретседателот, Ерик, демантирал дека постоела таква зделка.