👁️  1538

Еден од двајцата планинари кои вчера се изгубиле под врвот Титов Врв на Шар Планина почина по падот во провалија, неофицијално објави порталот МКД.мк.

Полесно е повреден неговиот другар кој јавил за несреќата.

Како што претходно објавивме по добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, синоќа во тек беше спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знаеше во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина.