👁️  2070

Автомобилистот Никола Асановиќ (28) загина денеска околу 15 часот и 40 минути, во несреќен случај во местото Обзовица, на магистралниот пат Цетиње – Будва, соопштија од Полициската управа за весникот Вијести.

Поради истрагата, сообраќајот бил во прекин, а по неколку часа повторно бил пуштен.

Медиумите објавија дека во несреќата учествувале мотоцикл „БМВ“ со хрватски регистарски таблички и два автомобила „ауди А3“ со регистарски број од Подгорица, управувано од Д.К. (39) од Подгорица и „фолксваген кеди“ со которски таблички, управувано од С.Ќ од Котор (59).

Едно лице со полесни повреди било донесено во болницата во Цетиње.

Од тој клуб соопштија дека Асановиќ со формулата „Норма“ во класата N2 бил водечки конкурент во својата класа за планинскиот шампионат од централноевропската зона, а неодамна го собори рекордот на патеката на Купот Пљевља.

АП Спорт Пљевља објави дека трката на патеката Дајевица хан – Рудница „ќе го носи името на човекот кој со својата добрина ги облагороди сите што имаа среќа да го запознаат“.