👁️  1517

Шеесет и петгодишен кинески дедо ја шокира нацијата откако било објавено дека ја киднапирал сопствената внука и побарал откуп од 70.000 долари од својата ќерка!

Бизарната приказна, која шокираше и збесна милиони Кинези, започнала кога маж, по име Хуан, отишол да ја земе својата внука од училиште. Само што наместо да ја однесе дома кај родителите, 65-годишниот дедо ѝ се јавил на мајката на девојчето, неговата сопствена ќерка, за да ѝ каже дека треба да му плати половина милион јуани доколку сака повторно да го види своето девојче!

Во еден момент, дедото од Кина, не можејќи да ја контролира зависноста од коцкање, се заканил дека ќе ја убие својата четиригодишна внука доколку неговата ќерка во рок од три дена не плати откуп од половина милион долари. Шокирана од барањата на нејзиниот татко, неговата ќерка веднаш повикала полиција и Хуан бил уапсен.

Не е јасно точно кога се случил овој инцидент, но Шангајски журнал неодамна објави дека потенцијалниот киднапер веќе бил во затвор поради неговите непромислени постапки. Се обидел за се да ѝ префрли на ќерката, тврдејќи дека таа не го сака она што е добро за него и дека наместо подобар живот за него, таа само сака тој да умре. Ја обвинил и жена му дека е неблагодарна.

Повеќето луѓе го осудија Хуан за неговите постапки, велејќи дека не заслужува ни да го нарекуваат татко и дедо, а ја советуваа ќерка му да ги прекине сите врски со него до крајот на животот.