👁️  922

31 годишна девојка од Скопје била пронајдена почината во стан на улицата „Симеон Кавракиров“ во Аеродром, информираат од Министерството за внатрешни работи. Немало траги на насилство врз починатата Марија М., констатирала Итна помош.

– На 08.12.2022 во 14.18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во стан на ул.„Симеон Кавракиров“ починала М.М.(31) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без видливи траги на насилство. Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Скопје се наведува во соопштението од МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.