👁️  201

Товарен воз удрил во камион меѓу станиците Параќин и Јагодина во Србија, а од несреќата се повредени две лица. Сообраќајката во која повредени возачот и сопатникот на камионот се случила на патниот премин „Кончарево“, опремен со вертикална сообраќајна сигнализација, помеѓу станиците Параќин и Јагодина, соопшти компанијата „Србија Карго“.

На местото на настанот излегла екипа на Брза помош која ги пренела повредените во болница, како и мешовитата железничка комисија на „Инфраструктура на железници на Србија“ и „Србија Карга“, која ќе ги утврдува деталите за оваа несреќа.

Возачот и совозачот на камионот биле прегледани во јагодинската болница и не им се констатирани сериозни повреди, па по опсервација и дополнителни прегледи најверојатно ќе бидат пуштени дома, изјави за РТС директорот на болницата Милош Лукиќ.