👁️  103

Италијанските фудбалски репрезентативци Сандро Тонали и Никола Заниоло се под истрага за нелегално обложување, потврди синоќа Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ).

Италијанските медиуми објавија дека полицијата во текот на вчерашниот ден влегла во репрезентативниот камп за да земе изјава од Тонали и Заниоло.

Потврдувајќи ја истрагата која е во тек, ФИЦГ соопшти дека Заниоло и Тонали го напуштиле репрезентативниот камп и се вратени во своите клубови.

Оваа одлука значи дека селекторот Лучијано Спалети нема да смета на услугите на двајцата фудбалери за претстојните натпревари во квалификациите за пласман на ЕУРО2024 против Малта и Англија.

Спалети дополнително во репрезентацијата го повика напаѓачот на Рома, Стефан Ел Шарави.

Италија е второпласирана в квалификациската група Ц со седум бодови, колку што имаат и украинската репрезентација на третото и македонската на четвртото место.