Кошаркарот на Голден Стејт, Клеј Томпсон, зборуваше во подкастот на Пол Џорџ за тоа зошто соиграчот Стеф Кари го нарекува „енциклопедија што оди“.

– Сакам да прелистувам историски статии на Википедија. Само читам факти за кои најверојатно нема да ми требаат во животот, но ако некогаш одам на квиз, ќе бидам подготвен. Кога ми е досадно, наместо да одам на социјалните мрежи и да читам коментари со омраза, одам на Википедија и учам нешто ново, рече Томпсон.