Градоначалникот на Општина Центар во Скопје преку социјалните мрежи официјално го потврди некогашниот кошаркарски репрезентативец Тодор  Гечевски како нов спортски директор на најтрофејниот македонски клуб. Со своето влијание, познанства и име, со сигурност ќе биде од огромна помош на Работнички.

Гечевски при официјалната промоција повика на голема поддршка од навивачите во новата сезона.