👁️  782

Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација “ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.

Неодамна во Тирана се одржа средба организирана од Един Рама на која беа присутни председателите на албанските партии од Македонија. Во званичната изјава на челниците на тие партии средбата била организирана за договори за заедничка иднина на Албанија и Македонија за европскиот пат, спречување младите од двете земји да  ги напуштаат татковините, средбата поминала во позитивен и братски дух. Ако овие теми биле на таа средба не би биле спорни, но очигледно кај македонскиот народ постои  бојазност  од вака организирани средби бидејќи на таква средба порано беше донесена тиранската платформа со која Македонија од корен се смени, беше донесен законот за јазици, а всушност законот за албански јазик со кој тој јазик стана службен јазик на целокупна територија на РМ и онаму каде не живее нити еден албанец, се вметна рамковниот договор во Уставот на РМ иако беше донесен 2001 год. а се игнорираше и исфрли АСНОМ врз основа и на кој беше формирана Македонија. Се донесе закон со кој на униформите на полицајците ќе има амблем со знаме на туѓа држава и слично, јас но верувам и кај поголемиот број од македонците врз основана таа предходна средба и тоа што се направи покасно постои стравување да од сегашната тиранска средба ќе прозлезат негативни последици за македонскиот народ и држава. Според мене на таа средба, теми на разговор и ставови кои ги донесле би биле следните:

 1. Отварање на Уставот на РМ и бришење на членот со кои  20 % од заедниците каде живеат имаат право како службен јазик да го употребуваат јазикот кој го зборуваат,а  со тоа сакаат да го избришат, бидејќи абанските политичари знаат да сегашниот закон за јазици е неуставен, а доколку Уставниот суд би одлчувал законито, тој закон би го укинал и поништил. 

2. Внесување на измисленото бугарско малцинство во преамбулата на македонскиот устав. Оваа цел на албанскиот фактор е да македонскиот народ како бројка би се намалил и би станал во вистинска смисла на зборот заедница со што македонскиот народ не би бил државотворен народ иако тој во НОБ даде 40.000 жртви и ја создаде РМ. Затоа во услови на корона беше организиран и фалсификуван пописот во РМ. На тој начин но и со други активности Македонија би се албанизирала, а со тек на времето би станала и трета албанска држава на Балканот.

Македонскиот народ тоа треба да го спречи, бидејќи освен РМ нема друга држава. За тоа да се направи водачите на македонските партии треба да имаат единство за националните интереси и носат одлуки во корист на заштита на македонските национални интереси, а кои се однесуваат за македонскиот народ и држава, но очигледно македонскиот народ во овај момент во својата држава има третман на странец. Неможат македонските партии во Македонија власта да ја делат на два дела со заедница која е значително помала од македонскиот народ, потоа треба да покажат поголема грижа за македонските малцинства во соседните држави и за македонците кои живеат во дијаспората. Најпрво да воспостават контакти со водачите на политичките партии и здруженија на нашите малцинства, да ги примаат во нивните канцеларии, да воспостават културна, бизнис и друга соработка, но и согласно меѓународните конвенции да му помогнат во остварување на нивните човекови права. Тука му замерувам и на македонските медиуми кои само ја коментираат тиранската средба, а не бараат такви средби да остваруваваат председателот на државата, премиерот но и председателот на опозицијата со македонските малцинства од соседните држави, воедно зошто не го прашуваат премиерот зошто досега не го отворил Културнииот клуб на македонците во Благоевград за кои рече да тоа ќе го направи до оваа нова година. Во тој смисол актуелниот председател на ВМРО ДПМНЕ треба успешно  да се спротистави на притисоците кои во иднина ќе се зголемуваат од странските државници и домашните однародени политичари за внесување на измисленото бугарско малцинство во преамбулата во македонскиот Устав ќе мора од Бугарија, САД и од ЕУ да бара да се примени меѓународниот принцип. Реципроцитет со кој во конкретниот случај Бугарија да ги сприоведе 16-те пресуди за човековите права на македонците во Бугарија донесени од судот за човекуви права во Стразбург, тој суд е значаен суд и е суд на ЕУ и тие треба да бараат да пресудите се спроведат. Потоа ако тој сака предвремени избори треба да бара помош од македонскиот народ да изврши притисок врз актуелната власт која очигледно со  се што направи спортивно на  политичките интереси на македонскиот народ но и економското уништување на државата и намалување на стандардот на граѓаните треба на тие избори да замине во заборав. Тие неколку партии кои ги имаат сите привилегии во државата, несразмерно поединци се богатат, законот селективно го применуваат и за ништо не одговараат без притосок никогаш нема да ја напуштат власта. За спречување на понатамошното разнебитување на македонскиот народ и држава на наредните избори кога и да се одржат мнозиството од македонскиот народ треба да гласа за македонска партија која предходно ќе ветува да ќе го спречи сегашното севкупно уништување на државата и ќе ја врати изворната Асномска Македонија.

16.01.2023 год.