👁️  159

Необичен рецепт за шупливи тиквички ќе ве освои уште при првиот залак.

Тиквичките отсекогаш биле омилени, но стануваат се попопуларни бидејќи се многу лесни за подготовка. Секој има свој необичен рецепт за подготовка на овој едноставен и вкусен зеленчук. Има милион начини на кои можете да подготвите тиквички, а еден од највкусните е дефинитивно оваа издлабена тиквичка полнети со шунка и крем.

Состојки:

250 гр тиквички

100 гр шунка

70 гр чери домати

2 чешниња лук1 млад кромидмалку магдонос

3 јајца

50 гр пармезан сирење

50 гр кисела павлака

Подготовка:

Тиквичките исечете ги на дебели прстени, а потоа извадете ја средината. Треба да остане само круг кора, но малку погуста. Во сад измешајте ја ситно сечканата шунка, па посолете и побиберете. Додадете ситно сечкани домати, мелени чешниња лук, сечкан млад кромид и магдонос, како и јајца, пармезан и павлака. Сè добро соединете. Во тавата во која сте го загреале маслото ставете ги прстените од тиквички, а потоа прелијте со лажица од смесата внатре во прстените. Пржете од двете страни околу 4 минути.