👁️  138

МВР информира дека денеска (19.12.2022) во 00.25 часот на ул.„Карл Маркс“ во Штип, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ го лишиле од слобода М.П.(31) од Штип.

За него биле распишани две централни потерници по наредба на Основен суд Штип за издржување вкупна казна затвор од шест години за сторени кривични дела „разбојништво“ по член 237 и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од Кривичниот законик.

Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа за издржување на казната.