👁️  362

Според Илон Маск, фабриките во Берлин и Тексас се огромни печки кои согоруваат пари.

Tesla трпи загуби кои се бројат во милијарди долари поради новите фабрики во Тексас и Берлин, објави извршниот директор на компанијата Илон Маск. Причина за загубата на пари е недостигот на батерии, што не дозволува да се достигнат планираните обеми на производство, како и прекините во испораките од Кина поради новиот бран на зараза со коронавирус.

Гигафабриките имаат големи трошоци, а резултатите се речиси никакви – сега и двете фабрики се како огромни печки кои горат пари“, објаснува милијардерот. Тој додава дека фабриките во Тексас и Берлин се борат да го зголемат своето производство на електрични автомобили, но сепак заостануваат.

Gigafactory 4, која се наоѓа на периферијата на Берлин, достигна капацитет од 1.000 автомобили неделно само на 20 јуни, иако тоа требаше да се случи во април. Фабриката во Остин, Тексас сега произведува, според Маск, „мал“ број автомобили, поради недостиг на компоненти за батериите, кои се заглавени во пристаниште во Кина поради новиот бран на Ковид-19.

Големите прекини на производството оваа пролет во кинеската фабрика дополнително ја влошило ситуацијата. Паузата од неколку недели доведе до колапс на продажбата во Кина во месец април за -98%. Поради нестабилноста и „лошото чувство“ кое самиот Маск го има за економијата, во следните 3 месеци Tesla ќе намали до 10% од своите вработени со полно работно време.

Во исто време, пак, се предвидува зголемување на бројот на хонорарни работници. Така, вкупниот број на вработени во Tesla ќе се намали за околу 3,5%, но точно колку луѓе ќе бидат отпуштени, Маск се уште не кажал.