На 06.07.2026 во 21:12 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патнички автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(74) удрил во пешакот М.Т.(84), двајцата од Охрид.
-При тоа, М.Т. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Увид на местото на несреќата изврши екипа на СВР Охрид.







