👁️  110

Капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, заработи тешка повреда на рамото за време на квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 против Шпанија.

Шкотска беше поразена со 2:0 од Шпанија во Севилја, но тоа не е единствената лоша вест за островјаните.

Капитенот на тимот мораше да го напушти теренот пред крајот на првото полувреме по еден воздушен дуел со шпанскиот голман Унаи Симон.

Левиот бек на Ливерпул го напушти теренот со болна гримаса на лицето.Робертсон во 44. минута беше заменет со Нејтан Патерсон од Евертон, а Шкотска беше поразена на крајот од натпреварот со головите на Мората и Сансет.