Пари Сен Жермен вчера претрпе тежок пораз од Њукасл во Лигата на шампионите 4:1, а по овој натпревар најмногу се критикува тренерот Луис Енрике .

Поразот на сите во Париз тешко им падна, па на социјалните мрежи се појави видео на кое може да се види расправија помеѓу Маркињос и Витиња. Капитенот му објаснуваше на Витиња каде треба да брани, но тој не го послуша, па Бразилецот го турна со едната рака.