Финскиот тенисер Ото Виртанен приреди голема сензација на Вимблдон, откако во првото коло го елиминира деветтиот носител Бен Шелтон по спектакуларен меч во пет сета.
Квалификантот и 144. тенисер на светот славеше со 3-2 во сетови (6-4, 3-6, 6-7, 6-2, 7-6), по повеќе од четири часа игра.
Откако Шелтон поведе со 2-1 во сетови, Виртанен се врати со убедлив четврти сет, а победникот беше решен во супер тај-брејкот од петтиот сет. Финецот покажа поголема смиреност во самиот финиш и со 11-9 стигна до најголемата победа во својата кариера.
Во второто коло Виртанен ќе игра против Британецот Артур Фери.







