👁️  117

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг беше многу разочаран од начинот на кој неговиот тим синоќа загуби од Галатасарај (2:3) во натпреварот од 2. коло од групната фаза на Лигата на шампионите.

– Имавме целосна контрола на натпреварот и потоа си пукавме во ногата. Примивме два гола. Мора да се браниме подобро во такви моменти, да играме подобро во одредени области на теренот, изјави Тен Хаг за официјалниот сајт на УЕФА.

Манчестер јунајтед го загуби вториот натпревар по ред и е последен во групата А. Галатасарај се искачи на второто место со четири бода.

Во следното коло, Манчестер јунајтед ќе игра со Копенхаген.