👁️  222

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг како исклучително важна ја оцени победата (1:0) над Барнли вчера на гостински терен во натпреварот од 6. коло од Премиер лигата.

– Се беше очигледно. Секако, многу ни требаше оваа победа. Имавме тешка серија на натпревари против добри противници. Оваа победата беше неопходна. Бев импресиониран од тимскиот дух и од тоа како играчите се бореа заедно. Напаѓаа 11, се бранеа 11. Сите се поддржуваа еден со друг. Многу работи беа против нас, вклучувајќи повреди и одлуки. Но, треба да се бориме и да бараме можност да ја свртиме ситуацијата. И тоа беше демонстрација дека тимот е обединет, изјави Тен Хаг за „BBC Sport“.

Манчестер јунајтед има 9 бодови и се наоѓа на8. место на табелата во Премиер лигата. Тимот има 3 победи и 3 порази.