👁️  26

Холандскиот фудбалер Дони Ван де Бек е пред нова клупска промена. Поранешниот играч на Ајакс не се снајде најдобро во редовите на Манчестер Јунајтед, и многу веројатно ова лето ќе замине на новa позајмица.

За него најмногу е заинтересиран тимот на Реал Сосиедад, додека тој наводно и бил понуден на Рома.

Играчот од средниот ред имаше и неколку проблеми со повреди, најмногу со коленото, па можеби затоа не го покажа својот потенцијал на „Олд Трафорд“. Ван де Бек има договор со Јунајтед до 2025 година, но постојат шанси дотогаш да не остане во редовите на тимот од Манчестер.

Холанѓанецот токму под водство на Тен Хаг блесна со своите настапи во редовите на Ајакс, но овој пат менаџерот на Јунајтед не успеа да го врати во посакуваната форма и веќе е прекуброен во неговиот ростер.