👁️  271

Министерот за труд на Уганда, Чарлс Енгола утрово бил убиен од неговиот телохранител, соопшти уганданската војска, додека медиумите тврдат дека причина за убиството бил личен конфликт за плата.

Телохранителот потоа извршил самоубиство, пренесува „АП“, повикувајќи се на медиумите во Уганда.

Пукањето се случило во куќата на Енгола во Кампала. Пред да се приклучи на владата, Ангола беше полковник во армијата на Уганда.

Очевидци тврдат дека телохранителот се пожалил дека со месеци не зел плата.