Почина Симона Палчевска, позната македонска професорка и авторка.

Тажната вест ја потврдија и од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје кадешто предаваше.


-Нејзиното заминување e прерано, ненадејно, неочекувано и не остави во неверување и длабока тага. Загубивме драга колешка, извонреден предавач, но пред сé особено ценета и сакана пријателка која пленеше со позитивност и остави трага на секој од нас. Твоето отсуство нема да остане незабележано. Ќе недостасуваш, но не’ задолжи со толку многу спомени на кои ќе се сеќаваме и ќе ги чуваме вечно. Го изразуваме нашето искрено сочувство до семејството, напишаа нејзините колеги.

Редакцијата на КУРИР изразува сочувство до нејзиното семејство, пријателите и колегите.