ТАТКО ХЕРОЈ И ПРЕЗЕНТЕРКА ПРОФЕСИОНАЛЕЦ – страшни сцени од земјотресот во Турција

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во западна Турција во близина на градот Дузча, 210 километри источно од најголемиот турски град Истанбул.

Потресите беа доволно силни за да се почувствуваат во Истанбул и главниот град Анкара.Најмалку 46 лица се повредени, соопштија официјални лица.

Проценките за длабочината на земјотресот варираат од 2 до 10 километри. Има извештаи за прекин на електричната енергија во регионот, како и за некои жители кои скокаат од балконите.

Друг земјотрес со јачина од 4,7 е забележан 20 минути по првиот.