👁️  26

Талибанската полиција спасила жена која 25 години била затворена во темна соба во главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Според вознемирувачките фотографии објавени од министерството, жената била чувана во соба полна со искрешни предмети и ѓубре, а храната и била додавана преку прозорец.

-Таа се чувствува несигурно и исплашено кога ќе види други луѓе, изјави портпаролот на министерството Абдул Матин Кани, опишувајќи ја нејзината мака.

Жената е сместена во болница во Кабул откако се здобила со психички и физички повреди.

-Неухранета, таа, исто така, има тешка анемија, изјави доктор од болницата.

Нејзините коски се истрошени, а зглобовите и се оштетени, велат лекарите.

Полицијата дополни дека жената со години страдала, по разделбата од нејзиниот прв сопруг, а потоа имале и дополнителни проблеми, вклучувајќи неплодност, казнувања од нејзините браќа, како и спор околу наследство.

Полицијата уапсила четири члена од нејзиното семејство, меѓу кои и нејзиниот брат и внуците, а потоа соопшти дека случајот се истражува.