Светска здравствена организација (СЗО) соопшти дека испратила две пратки со медицински материјали во Бејрут како подготовка за потенцијална ескалација на досегашните спорадични судири на границата помеѓу терористичките групи во Либан и израелските сили.

– Две пратки со „доволно хируршки и траума лекови и материјали за потребите на 800 до 1.000 повредени пациенти“ пристигнаа денеска во Бејрут од Дубаи, се наведува во соопштението.