👁️  12

Името на корупцијата не е само „Соравија“, ниту само „Еуровиа“, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Северна Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, обвинуваат од Алтернатива.

Како што објавија медиумите, но и од информациите од Државната комисија за спречување на корупцијата, една од фирмите донатори на ДУИ е и „Еуровиа“, која од една страна добива тендери од ДУИ, а од друга страна се претставува како донатор на оваа партија. Тоа укажува дека има нешто сомнително во овие финансиски извештаи и тоа секако беше причина што и Државната комисија за спречување на корупцијата отвори предмет – коментира партијата Алтернатива.

„Јавноста беше информирана дека токму оваа фирма добила тендер од министерот за надворешни работи Бујар Османи, во вредност од 1,8 милиони евра, а од друга страна токму таа се појавува како донатор на Демократската унија за интеграција. Логиката вели дека сумите што Бујар Османи ги дава со лева рака, ги собираат заедно со Али Ахмети со десна рака.

Алтернатива уште еднаш изјавува дека името на корупцијата не е само „Соравија“, ниту само „Еуровиа“, туку токму ДУИ и дека без да се искорени оваа пајажина проткаена со години, Северна Македонија не може да направи ниту еден чекор кон ЕУ, додека Албанците во оваа земја остануваат заложници на политичарите на оваа партија, кои се заложници на фиоките со страшни случаи на политичка корупција“, се вели во реакцијата на Алтернатива.