👁️  12

Судскиот совет на Република  Македонија нема  намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога, соопштуваат од Советот.

– Ваквата реакција на Судскиот совет, доаѓа по повод вчерашните  настапи на министерот Лога, особено по неговото синоќешното телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, наведуваат Советот.

Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е добродојден на седниците на ова тело, каде може отворено да се дискутира за сите отворени на прашања и проблеми во судството.

– Впрочем, од страна на службите  на Судскиот совет редовно му се испраќаат материјали за  секоја седница, велат оттаму.

Од Советот нагласуваат дека ги прифаќаат сите добронамерни критики на своја сметка и на адреса на судството, но, како што наведуваат, не може да дозволи министерот за правда да излегува од своите надлежности и да кажува како треба и што да работи Советот.

– Судскиот совет функционира во согласност со своите законски надлежности и секој обид за директно мешање  во  неговата работа,  ќе се толкува како  „упад“  и притисок  на претставник на извршната  врз судската власт, заклучуваат оттаму. (МИА)