
Судот во Ден Хаг утврди дека тој може да биде казнет по десет илјади евра по случај доколку ја прекрши таа одлука. Судскиот процес против 41-годишниот Холанѓанец се водел по барање на жена која добила дете со неговата сперма.
Својата сперма ја донирал на клиниките за плодност, банките за сперма и безброј парови преку онлајн форуми. Најмалку 550 жени биле оплодени со неговата сперма.
Неговиот адвокат вели дека сакал само да им помогне на паровите кои инаку не би можеле да забременат. Но, судот пресуди дека тој намерно ги дезинформирал родителите за бројот на неговите донации и за децата на кои им е биолошки татко.
На донаторите на сперма во Холандија им е дозволено да станат татковци на најмногу 25 деца во 12 семејства. Целта на оваа мерка е да се спречи инцест.
Осудениот можел да го заобиколи тоа правило бидејќи не постои централна база на податоци за донатори на сперма. Не е познато колку деца се зачнати со неговата сперма во странство. Сега веќе нема да смее да се рекламира на интернет и мора да открие на кои клиники и банки донирал сперма. Тие залихи мора да се уништат, одлучил судот.