👁️  110

Три лица се повредени рано изутринава кога два воза директно се судрија во градот Гдиња во северна Полска.

Државната новинска агенција ПАП, повикувајќи се на официјалниот претставник на противпожарната бригада, Блаже Плихта, објави дека судирот се случил во 7 часот наутро во близина на главната станица во Гдиња, град на Балтичкото Море.

Службите за итна помош се на местото на несреќата.